Уреден гроб со свежо цвеќе и запалена свеќа во скопско гробиште

Грижа за гробното место

Кога сте далеку.
Кога немате време.
Кога едноставно не можете да бидете таму.

Незаборав се грижи за гробовите на вашите најблиски во Скопје — редовно, внимателно и со фотографии по секоја посета.

Фотографии по секоја посетаСо датум, пред и по работата — истиот ден
Бесплатна прва проверкаФотографии од моменталната состојба, без наплата
Гробишта во СкопјеБутел, Камник, Ѓорче Петров и останатите
Едноставно плаќањеНа сметка или со картичка

Од друг град во Македонија? Напишете ни кој

Нашите услуги

Едноставна грижа, направена како што треба

Чистење на споменикот

Миење на плочата и рамката, отстранување на мов и насобрани нечистотии.

Уредување на парцелата

Плевење, косење, расчистување на лисјата и уредување на земјата.

Цвеќе и свеќа

Свежо цвеќе на секоја посета и запалена свеќа пред да заминеме.

Полевање на растенијата

Растенијата на гробот се полеваат и потстрижуваат по потреба.

Фотографии по секоја посета

Да ја видите работата со свои очи — истиот ден.

Плаќање гробарина

Ја плаќаме годишната гробарина наместо вас, без да морате да доаѓате во Скопје.

Пакети и цени

Изберете пакет

Ден за спомен

€89
еднократно

Една посета за одреден датум — цвеќе, свеќи и фотографии.

Изберете

Основен

€169
годишно

Две посети годишно — напролет и наесен, пред Задушница.

Изберете
Нашата препорака

Целосен

€299
годишно

Четири посети годишно — пролет, лето, есен и пред Задушница.

Изберете

Премиум

€459
годишно

Четири посети за одржување, плус две на датуми што ви значат — годишнина, роденден, Божиќ. Свежо цвеќе и запалена свеќа на секоја.

Изберете

Обновување

За запуштен гроб, пред да почне редовната грижа — цената зависи од состојбата.

По увидбесплатна проценка

Гробарина

Ја плаќаме годишната гробарина во ваше име и ви ја доставуваме потврдата.

€19+ износот на гробарината

Гробарината е достапна само како додаток кон некој од пакетите погоре.

Внимателно чистење на надгробен споменик со раце
Фотографии со датумПред и по работата, истиот ден

Како функционира

Четири чекори, без изненадувања

  1. Нè контактирате

    Име, гробишта и број на парцела. Ако не го знаете бројот, ние ќе го најдеме.

  2. Одиме и правиме проценка на состојбата

    Прво ви испраќаме фотографии од моменталната состојба, без наплата.

  3. Избирате пакет

    Годишна грижа или една посета за одреден датум — како ви одговара.

  4. Добивате фотографии

    По секоја посета, истиот ден — фотографии со датум, пред и по работата.

Работник во зелена маица внимателно чисти гранитен споменик

За нас

Од Скопје, за семејствата што се далеку

Незаборав е мал тим од Скопје. Знаеме колку е тешко кога сте далеку, а гробот на вашите најблиски чека. Затоа секоја посета ја правиме како да е за нашите — внимателно, тивко и со почит.

  • Со почит

    Со внимание кон секој детал — од плочата до последниот лист.

  • Со доказ

    Фотографии со датум по секоја посета — никогаш само збор.

  • Лично

    Зборувате директно со нас, на WhatsApp, Viber или телефон.

Запалена свеќа и бело цвеќе на надгробна плоча во самрак

Денови за спомен

Ние сме таму на деновите што ви значат

40 дена
6 месеци
Годишнина
Задушница

Никој не е заборавен.

Пораки од семејствата

Што ни пишуваат по посетата

WhatsApp Порака на WhatsApp: Благодарам што го испочитувавте нашето барање за посебен вид на цвеќе. Одлични сте!
Viber Порака на Viber: Odlicna rabota! Vi blagodaram za uslugata. Pozdrav

Чести прашања

Прашањата што најчесто ги добиваме

Како знам дека работата е навистина завршена?

По секоја посета добивате фотографии со датум — состојбата пред и по работата. Никогаш не ве молиме да ни верувате на збор.

Не го знам точниот број на парцелата.

Доволни ни се името на покојниот и името на гробиштето. Ние ќе го пронајдеме гробното место и ќе ви испратиме потврда со фотографија.

Кои гробишта ги покривате?

Сите градски гробишта во Скопје и околината — Бутел, Камник, Ѓорче Петров и останатите. Засега работиме само во Скопје. Ако сте од друг град, пишете ни и кажете кој — водиме список и одиме таму каде што ќе има доволно барања.

Како се плаќа?

На сметка или со картичка. Ние ви ги испраќаме деталите.

Контакт

Започнете со првата проверка

Првата проверка и фотографиите се бесплатни.

Не го знаете бројот на парцелата? Ние ќе го најдеме.

Скопје и околината.

Повеќе сакате директно? Пишете ни или јавете се: